Земјоделски кредити од Шпаркасе банка

Bez autora
Nov 09 2010

Шпаркасе банка воведе нови кредити за развој и поддршка на земјоделството. Кредитите се обезбедени од сопствени извори и од Земјоделскиот кредитен дисконтен фонд на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР). Според намената, кредитите се движат до 100.000 евра за примарно производство, до 500.000 евра за преработка на земјоделски производи и до 200.000 евра за трговија со земјоделски производи. За откуп на грозје за преработка, обезбеден е кредит и до 700.000 евра. Каматната стапка за кредитите со девизна клаузула во зависност од намената може да биде 4 или 5 отсто. За девизните кредити од пари на банката, каматната стапка изнесува 8,45 отсто, а за денарските кредити, стапката е 13 отсто. За отплата на кредитите се предвидени 4 до 7 години, и грејс-период до 3 години. На саемот АГРОФУД 2010, кој почнува денеска во Скопје, Шпаркасе банка ќе биде присутна со свој штанд, така што заинтересираните лица директно ќе може да се обратат за сите информации во врска со овие кредити.

Земјоделски кредити од Шпаркасе банкаШпаркасе банка воведе нови кредити за развој и поддршка на земјоделството.

Кредитите се обезбедени од сопствени извори и од Земјоделскиот кредитен дисконтен фонд на Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР).

Според намената, кредитите се движат до 100.000 евра за примарно производство, до 500.000 евра за преработка на земјоделски производи и до 200.000 евра за трговија со земјоделски производи. За откуп на грозје за преработка, обезбеден е кредит и до 700.000 евра.

Каматната стапка за кредитите со девизна клаузула во зависност од намената може да биде 4 или 5 отсто. За девизните кредити од пари на банката, каматната стапка изнесува 8,45 отсто, а за денарските кредити, стапката е 13 отсто.

За отплата на кредитите се предвидени 4 до 7 години, и грејс-период до 3 години.

На саемот АГРОФУД 2010, кој почнува денеска во Скопје, Шпаркасе банка ќе биде присутна со свој штанд, така што заинтересираните лица директно ќе може да се обратат за сите информации во врска со овие кредити.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik